Connect with us

Фудбал

Познат судија доживеал инфаркт, лекарите успеале да го спасат

Познатиот судија Овидио Хатеган доживеа срцев удар.

Имено, Хатеган по срцевиот удар завршил на операционата маса и ќе му биде вграден стент.

Хатеган е лекар и сам ги препознал симптомите, па бил однесен во болницата во Темишвар, каде бил опериран.

Почувствувал дека има проблеми со затнувањето на вените, што го спасило од трагедија.

Сега животот не е загрозен, но ќе остане под надзор на лекар.

Овој судија има богато искуство, а се очекува да ја дели правдата и на Светското првенство во Катар.

Тој веќе судеше на Европското првенство, но и на натпревари од Лигата на шампионите. Од 2008 година суди на најелитните натпревари.