Други спортови
Познатата авиокомпанија го исмева Ѓоковиќ на Твитер затоа што рекол дека не е антиваксер
Новак Ѓоковиќ изјави дека е подготвен во иднина да ги жртвува сите трофеи во тенисот доколку од него побараат доказ за вакцинација.
Ѓоковиќ минатиот месец помина низ вистинска драма во Австралија каде на крајот не доби право на настап на Австралија опен и беше депортиран од оваа земја бидејќи не бил вакциниран.
Под знак прашалник е дали српскиот тенисер ќе може да игра годинава, бидејќи се чини дека на повеќето турнири од тенисерот ќе се бара доказ за вакцинација. Во интервју за Би-Би-Си, овој тенисер изјави дека не е антиваксер, туку дека едноставно не сака да се согласи на уцени.
Дури е подготвен да не игра до крајот на кариерата и ги жртвува сите можни трофеи што може да ги освои
„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил против вакцините, ги примав како дете, но отсекогаш ја поддржував слободата на избор за она што го внесувате во вашето тело. Принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула и што друго“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Не бев депортиран со образложение дека не сум вакциниран или дека прекршив одредени правила. Причината што ме депортираа беше тоа што министерот за имиграција го искористи своето право да ми ја откаже визата затоа што мислеше дека можам да создадам некое чувство против вакцинација во земјата. Со тоа не се согласувам“.
Познатата авиокомпанија „Рајанер“ одговори на неговата изјава дека не е антиваксер, туку дека нема да се вакцинира и ја искористи можноста да го исмее Ѓоковиќ на социјалните мрежи поради таквата изјава.
„Ние не сме авиокомпанија, но летаме со авиони“, напишаа тие на Твитер.
We're not an airline but we do fly planes #Djokovic pic.twitter.com/wivO3L2dTp
— Ryanair (@Ryanair) February 15, 2022