Тајмаут
Позната спортистка призна дека е невина, па се нашла во проблем
Американката Лоло Џонс (37) во јавноста се најде во центарот на вниманието кога призна дека е невина пред неколку години.
Иако многу мажи се луди по нејзиниот изглед, Џонс никогаш не спиел со ниту еден од нив, и нема намера да го стори тоа се додека не зтапи во брак. Во меѓувреме, бидејќи го призна тоа, се кае.
“Тоа беше грешка. Ги уништи моите врски засекогаш. Јас веќе немам шанса, порано барем имав некаква шанса со мажите”, рече таа за време на гостувањето во едно американско шоу, и додаде:
„Порано се прашував кога е вистинското време да му кажам тоа. Дали треба да чекам тој да ме запозна или да ја фрлам таа бомба веднаш“, додаде таа.
Џонс во моментов активно работи на подготовките за претстојните Олимписки игри во Токио, и смета дека невиноста има негативен ефект врз неа.
„Сексот им помага на спортистите бидејќи е добар за хормоните. Затоа, јас сум во неповолна положба”, објасни таа.
Американката додаде и дека е оптимист во потрагата по „вистинскиот“ и дека таа вечер, кога дојде, ќе биде посебна за неа и дека нема потреба да се грижи што чекори кон петтата деценија.
