Ракомет
Познати можните противници на Пелистер и Бутел во ЕХФ-купот
Екипите на Пелистер и на Бутел по денешната ждрепка во Виена ги дознаа своите можни противници во второто коло од ЕХФ-купот.
Бутел за противник ќе го има победникот од дуелот од првото коло меѓу Запорожје и Лондон, додека Пелистер ќе игра со победникот од дуелот Беса и Винтертур.
Првите дуели се играат на 6 или 7 октомври, додека реваншите се недела подоцна.
Северна Македонија има и трет претставник во второто по квалитет натпреварување во Европа, но Металург започнува од третото коло и противникот ќе биде познат на 15 октомври.