Connect with us

Фудбал

Познати се 22 учесници во групната фаза од Лигата на шампионите, остануваат уште 10 места

Се уште чекаме да заврши тековната сезона од Лигата на шампионите, но веќе се познати 22 од 32 учесници во ова елитно натпреварување во следната сезона.

Ливерпул и Реал Мадрид ќе го играат финалето од Лигата на шампионите за оваа сезона на 28 мај во Париз, а потоа ќе се фокусираме на сезоната 2022/23.

А во групната фаза ќе има 32 учесници (осум групи по четири екипи), а потоа по таа сезона ќе се смени форматот и наместо 32 ќе играат 36 екипи.

Засега се познати четири екипи од Италија, Шпанија и Германија кои ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите. Реал Мадрид, Барселона, Атлетико и Севиља ќе ја претставуваат Ла Лига, од Серија А доаѓаат Милан, Интер, Наполи и Јувентус, а од Германија Баерн, Баер, Борусија Дортмунд и Лајпциг.

Засега сигурен е само ПСЖ од Франција, Ајакс од Холандија, Манчестер Сити и Ливерпул од Англија, Порто и Спортинг од Португалија, Салцбург од Австрија, Шахтјор од Украина, шкотскиот шампион Селтик и Клуб Бриж кој доаѓа од Белгија.

Ни останаа уште 10 слободни места, а две се резервирани за екипи од Англија. Најверојатно тоа ќе бидат Челзи и Арсенал или Тотенхем. Од Франција уште едно место е резервирано за второпласираната Лига 1, додека третопласираната ќе игра во квалификациите.