Connect with us

Фудбал

Познати се уште двајца учесници на Мундијалот!

Познати се уште двајца учесници на Светското првенство кое наесен ќе се одржи во Катар.

Азија доби уште два претставника откако Иран и Јужна Кореја се пласираа во друштвото на најдобрите светски репрезентации.

Јапонија и Саудиска Арабија ќе играат на Светското првенство во Катар, откако Јапонците во директен дуел ја победија Австралија со 0:2.

На Австралија и требаше победа за да ги задржи шансите директно да оди на Мундијалот, но тие потклекнаа во финишот. Со два гола во последните минути „Кенгурите“ ги потопи Митом.

Со поразот од Австралија корист имаше Саудиска Арабија, со што обезбеди едно од првите две места во групата директно на Мундијалот.

Како што сега стојат работите, Австралијците ќе заминат во пред бараж каде ќе играат против третопласираната селекција од групата 1 од азиската зона.

Победникот од азискиот бараж ќе игра во последниот плеј-оф против петтопласираната селекција од Јужна Америка во квалификациите.