Поврзи се со нас

Други спортови

Познати сите четвртфиналисти на Мастерсот во Рим

Рим, 18 септември 2020 (МИА) – На тенискиот Мастерс турнир од серијата 1000 во Рим, вечерва се комплетираше осминафиналната фаза по која се формирани четвртфиналните двојки.

Помеѓу осумте најдобри место изборија и првите двајца носители, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Двојки за 1/4финалето:

Новак Ѓоковиќ (Србија) – Доминик Копфер (Германија)

Матео Беретини (Италија) – Каспер Руд (Норвешка)

Денис Шаповалов (Канада) – Григор Димитров (Бугарија)

Диего Себастијан Шварцман (Аргентина) – Рафаел Надал (Шпанија).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 3,85 милиони долари. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама