Connect with us

Фудбал

Познати составите за мечот ПСЖ-Баерн Минхен, Мбапе на клупа, на негово место 16 годишен талент (ФОТО)

Се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите. Вечерва на програмата се два меча. Се среќаваат Милан -Тотенхем и ПСЖ-Баерн Минхен. Поголемо внимание привлекува секако дуелот во Париз. Иако се опорави од повредата сепак Мбапе ќе биде на клупата за резервни играчи. На негово место од прва минута ќе настапи Заире Емери, кој има само 16 години, голем фудбалски талент, кој секако во изминатиот период прикажа одлични партии во француската лига.