Connect with us

Други спортови

Познато е колкава плата сака да добие Хамилтон според новиот договор

Лондон, 11 септември 2020 (МИА) – Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон сака да потпише нов договор со тимот по подобрени услови.

  • Хамилтон сака да заработи пет милиони долари повеќе. Претпоставувам дека тој ќе може да ги наметне своите услови, – изјави финскиот тркач ЏејЏеј Лехто во интервју за „Илталехти“.

Луис е близу до освојување на седмата титула, па кој друг да земе Мерцедес? Хамилтон е поврзан со нив. Тој е суперѕвезда која руши рекорди, додаде Лехто.

Хамилтон води убедливо во Генералниот пласман оваа сезона со 164 бода пред Валтери Ботас кој има 117 и Макс Верстапен со 110. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com