Кошарка
Познато е колку ќе паузира Леброн Џејмс
Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, го повреди скочниот зглоб за време на саботниот натпревар во НБА лигата меѓу неговите Лејкерс и Атланта Хоукс.
Џејмс во еден момент се најде на подот, врескаше од болка, но стана и дури погоди тројка. Сепак, веќе во првиот тајм-аут што следеше, Џејмс беше надвор од игра.
„Сè ме боли“, рече Џејмс , велејќи дека ќе се врати посилен отколку што беше, и неговото закрепнување започнува денес.
Сега, американските медиуми ги објавија првите информации за повредата, наведувајќи дека е потребна пауза од околу еден месец.
Со оглед на тоа дека недостасува и Ентони Дејвис, исто така поради повреда, јасно е дека на тимот од Лос Анелес му претстојат многу тешки игри.