Фудбал
Познато е зошто Алаба вчера подигна столче за време на прославата на титулата на Бернабеу
Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ја прославија новата титула на Шпанија.
Кралскиот клуб на домашен терен го победи Еспањол со 4-0 и на четири кола пред крајот на сезоната во Ла Лига успеа да ја обезбеди титулата.
За Реал Мадрид ова е 35-та шпанска титула до која стигнуваат кралевите овојпат, изгледа полесно од очекуваното. Реал немаше вистинска конкуренција оваа сезона во Ла Лига, што овој клуб максимално го искористи.
По натпреварот играчите на одличен начин го прославија новиот трофеј и повеќе од еден час уживаа пред преполниот стадион.
Во центарот на вниманието беше Давид Алаба, кој летово дојде во Реал и веќе успеа да стигне до титулата шпански првак.
Австриецот го привлече вниманието на себе кога со столче се појави на теренот и со голем стил ја прослави титулата. Сепак, ова столче не случајно падна во рацете на Алаба на вчерашната прослава.

Имено, тоа е истото столче со кое славеше Алаба кога Реал Мадрид го исфрли ПСЖ од Лигата на шампионите. Тогаш прославата беше спонтана бидејќи никој не веруваше дека Кралевите ќе се пласираат во осминафиналето.
David Alaba brought out the chair 😆
(via @realmadrid)pic.twitter.com/el7Mct69Qq
— B/R Football (@brfootball) April 30, 2022
Алаба по натпреварот објасни дека бил понесен од емоции и дека седнал на столче бидејќи било до него. Таа прослава потоа стана вистински хит, а Алаба вчера реши на ист начин да ја прослави титулата во Шпанија.
Тој рече и дека столчето е знак дека не може секој да седи на местото за кралевите и дека е резервирано само за Реал Мадрид, односно најголемиот клуб во светот.