Други спортови
Познато првото полуфинале на АО, Чилиќ против изненадувањето на турнирот Кајл Едмунд
Британецот Кајл Едмунд кој е 49-ти на светската тениска листа направи уште едно изненадување во Мелбурн совладувајќи го 3. светски играч, Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 3:6, 6:3, 6:4.
Марин Чилиќ е противникот на Едмунд, откако Рафаел Надал го предаде мечот при резултат 3:6, 6:3, 6:7, 6:2, 2:0 за шестиот носител од Хрватска.