Фудбал
Правила за продолжување на сезоната: Контролиран секс, разговори, дружење …
Шефовите на германската Бундеслига се подготвени да го продолжат натпреварувањето од 9. мај.
На неодамнешната средба, клубовите изразија подготвеност да ја продолжат сезоната, но се чека зелено светло од германската влада кој ќе расправа за ова прашање на 30 април.
Ако сезоната продолжи, фудбалерите во Бундеслигата ќе имаат навистина строги правила што ќе треба да ги следат. Ќе има интересни забрани и само 300 луѓе ќе можат да присуствуваат на натпреварите.
Тука се вклучени и четворица полицајци, 10 новинари, четворица собирачи на топки и 50 припадници на безбедноста со минимален контакт. Овие се правилата на Бундеслигата, а следново се однесува на играчите:
– Играчите ќе бидат тестирани двапати неделно
– Контактите ќе бидат минимални за време на тренинзите и тимските состаноци
– Играчите ќе носат своја храна и ќе користат свои шишиња со вода
– Играчите ќе се истушираат дома и ќе треба сами да ги мијат дресовите и копаќките
– Играчите ќе носат маски, ќе ги дезинфицираат рацете и ќе мерат температурата по пристигнувањето
– Играчите од домашната екипа ќе пристигнат со свои автомобили
– Престојот во соблекувалните ќе биде сведен на минимум
– Играчите на гостите ќе се тушираат на крајот од мечот со оддалеченост од два метра
– Приватните разговори можат да се водат со доволно (пропиушаното) растојание
– Екипите нема да бидат во тунелите истовремено, нема придружба, ракување, нема тимски фотографии
– Замените на клупата ќе бидат на растојание од две или три столици
– Играчите кои престојуваат во хотелот ќе треба да избегнуваат контакт со други гости и соиграчи
– Копчето во лифт ќе ги притискат со лактите
– Нема да можат да користат собна услога
– Играчите кои се дома ќе треба да бидат во него што е можно повеќе
– Ним им е дозволено само одредени посети
– Забрането е секс и бакнеж со партнери кои имаат какви било симптоми
– Тие не треба да делат крпи, садови, пијалоци и постелнини со другите членови на семејството
– Играчите ќе киваат и кашлаат најмалку две метри од другите соиграчи