Фудбал
Празнично изненадување за навивачите на Селтик, го продадоа најдобриот клупски играч
Според „Скај Спортс“ , шкотскиот фудбалски клуб Селтик ја прифатил понудата на Брајтон вредна 20 милиони евра за 21 годишниот француски интернационалец, Муса Дембеле.
Селтик пред само една година направи одлична зделка со Фулам, доведувајќи го големиот талент во своите редови за сума од три милиони евра, а сега ќе заработи шест пати повеќе од неговата продажба.
На Брајтон му претстои битка за опстанок во елитното друштво во Премиерлигата, а се чини дека со Дембеле таа цел може да биде остварена.