Ракомет
ПРАЗНИК: По пет месеци корона пауза, ракометот се враќа во Македонија!
Еурофарм Работник и Металург вечерва од 18 часот официјално по пет месеци корона пауза ќе го вратат ракометот таму каде што му е местото.
На терен, повторно ќе истрчаат играчите, а публиката преку директни преноси ќе може да ги проследи натпреварите.
Тимовите на Еурофарм Пелистер и Металург со почеток од 18:30 часот ќе одиграат пријателски натпревар во спортската сала во Маврово, како предигра за настапот на Струшкиот турнир.