Connect with us

Фудбал

Пред две години не беше добар, а сега за него треба да платат 111 милиони евра

Се чини дека грешките на Барса скапо чинат. Пред две години „Каталонците“ одбија да го ангажираaт Аргентинецот Лутаро Мартинез, кој му го нудеше Рaсинг, под изговор дека тој не бил доволно добар за нив.

Цената на Мартинез беше 25 милиони евра, но ставот на Пеп Сегура остана непроменет.

Барселона сега го сака во своите редови, но Мартинез бележи одлични игри со Интер. Има постигнато 13 голови и три асистенции во 21 натпревар, па според тоа тешко дека самиот играч ќе сака да замине.

Ако толку многу го сакаат „Каталонците“ во своите редови, тогаш нека бидат подготвени да издвојат 111 милиони евра.