Фудбал
Пред неколку недели цел стадион го исфиркуваше, а синоќа Меси го доби она што го заслужува (ВИДЕО)
ПСЖ синоќа ремизираше против Ленс на домашен терен (1:1), но сепак ја обезбеди титулата. Парижаните по десетти пат во својата историја станаа шампиони на Франција и успеаја да ја заверат титулата иако до крајот на првенството остануваат уште неколку кола.
ПСЖ синоќа ремизираше против Ленс, а во центарот на вниманието беше Лионел Меси кој во средината на вториот дел постигна спектакуларен гол за 1:0.
Познато е дека пред само неколку недели навивачите на ПСЖ го исвиркуваа Меси откако ПСЖ испадна од Лигата на шампионите, а на натпреварот против Бордо секогаш кога ќе ја примат топката ги исвиркуваа него и Нејмар.
Сепак, односот кон Меси е многу променет бидејќи еден од најдобрите играчи на сите времиња доби фантастични овации од Паркот на принцовите откако постигна гол против Ленс.
PSG fans chanting Messi's name after his goal. 🐐 pic.twitter.com/4163MuNUGk
— Umer (@Iconic_Messi) April 23, 2022