Поврзи се со нас

Други спортови

Предлог на политичарите до Владимир Путин: Дајте му го на Хабиб највисокиот руски медал

Рускиот политичар Гаџимурад Омаров му предложи на рускиот претседател Владимир Путин на Хабиб Нурмагомедов да му биде доделен највисокиот државен медал – херој на Русија.

Дагестанскиот борец ја заврши својата ММА кариера без пораз (29-0), тој ги уништи своите противници, а членот на руската Дума, Гаџимурад Омаров смета дека Хабиб ја заслужил најголемата чест.

Сепак, трикратната олимписка шампионка Ирина Роднина, која е исто така член на Дума, тврди дека успесите на Хабиб не се баш за таква награда.

“Немам посебно мислење. Имаме многу шампиони, но само неколкумина се херои на Русија. Не мислам дека таа награда треба да им припадне на спортистите. Тој е професионален спортист, се докажа, но тоа е работа како и сите други спортисти. Не знам, Јас не би го сторил тоа, но тоа е нивна одлука. Не гледам ништо херојско во неговите настапи “, истакна Роднина.

Медалот Херој на Русија може да биде доделен на сите, а меѓу некои од добитниците се и поранешниот претседател Борис Елцин, Михаил Калашников, космонаутот Сергеј Крикалев и други …

loading...

Facebook