Други спортови
Предупредување за Ред Бул: Ф1 нема да ги толерира прославите на Макс
Директорот за трки во Формула 1, Мајкл Маси го предупреди Ред Бул дека повеќе нема да ги толерира прославите на Макс Верстапен како онаа на „Ред Бул Ринг“.
Возачот на Ред Бул триумфираше во трката за Големата награда на Стирија, по што реши да го остави „својот потпис“ на патеката, односно одеднаш да остави трага од гуми пред позицијата каде што беше неговиот тим.
„Не беше идеална ситуација. Разговарав со тимот веднаш потоа и им реков дека нема да толерираме такво нешто во иднина“, рече Маси.
Она што не им се допадна на челниците на Формула 1 беше локацијата каде што Верстапен ја „прослави“ победата и фактот дека можеше да ги загрози другите возачи.
Верстапен сега води во генералниот пласман со 156 бода, 18 повеќе од Хамилтон.
Формула 1 ќе остане на „Ред Бул Ринг“ и следната недела, бидејќи шампионатот продолжува на 4 јули со Големата награда на Австрија.