Connect with us

Фудбал

„Предвиденото се оствари, победивме и заштедивме сила!“, рече Ангеловски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по победата над Лихтенштајн рече дека она што било предвидено се остварило, а притоа се заштдило на сила.

Тоа што сите го предвидувавме се оствари. Убедлива победа, иако во денешниот фудбал е тешко да победиш било кого… Резултатот ни дозволи повеќе играчи да добијат минутажа. Секако задоволен сум од победата. Всушност, кога ќе постигнете пет гола секако дека сте задоволен. По првото полувреме, во кое исто така доминиравме, инсистирав што побрзо на стартот од вториот дел да дадеме втор гол и да го решиме натпреварот што се случи веднаш во второто полувреме“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата.