Connect with us

Фудбал

Преговарал со Барса, а поради честите повици, сопругата мислел дека ја изневерува

Данскиот напаѓач во Барселона пристигна како неопходно решение, бидејќи клубот беше во криза со напаѓачи, а платен е на Леганес 18 милиони евра. Брајтвајт долго и тајно преговарал со Барселона, а не кажал на никого. Во ново интервју пред рестартот на сезоната за шпанските медиуми изјави.

-Имав бројни разговори, но на никого не сум кажал, дури ни на жена ми. Таа почна да се сомнева дека ја изневерувам, бидејќи секогаш излегував надвор да разговарам кога ќе ми се јавеа, вели тој.

Тој во досегашниот дел од сезоната одигра три меча за Каталонците и нема ниту еден гол. Шанса за погодок ќе има во недела кога Барселона и гостува на Мајорка, тим за кој  настапува нашиот Александар Трајковски.