Connect with us

Фудбал

Преговорите се засилија, Кавани се поблизу кон враќање во Италија

Интер е во интензивни преговори со напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, тврди секогаш добро информираниот извор Џанлука Ди Марцио.

Кавани ќе стане слободен на крајот на сезоната и клубови како Атлетико Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед веќе некое време се борат за него … и сега, наводно, тој е најблиску до Интер.

Бидејќи Дрис Мертенс реши да го продолжи престојот во Неапол, Интер се сврте кон другите опции, па уште еден искусен напаѓач кој стана слободен, кој се докажа како најдобар стрелец пред некоулу години, се наметна како идеално решение.

Кавани играше во Палермо и Наполи, а од 2013 година е во Париз. Оваа сезона „Ел Матадор“ постигна седум гола со три асистенции на 22 натпреварувачки натпревари, но сепак не ја доби вистинската можност пред Мауро Икарди, кој штотуку дојде од Интер во ПСЖ на позајмица.

Заминувањето на Кавани од Париз е скоро веројатно, сега само прашање е дали тој ќе замине во Интер, кој сега ги води преговорите, или ќе избере друга екипа на крајот.