Connect with us

Други спортови

Прекрасни вести од Токио: Арбреша Реџепи, сепак ќе биде знаменосец на Македонија на отворањето на ОИ

Македонската џудистката Арбреша Реџепи сепак ќе биде дел од церемонијата на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Токио. Според информациите од Јапонија, Реџепи имала пет негативни тестови на коронавирус и добила дозвола да излезе од изолација.

Таа заедно со Дејан Георгиевски ќе бидат на чело на македонската експедиција која ќе продефилира на отворањето на Игрите.

Вчера Арбреша Реџепи беше упатена во карантин поради контакт со лице позитивно на коронавирус, кое го имала на аеродромот во Франкфурт на патот кон Токио.

Почетокот на свеченото отворање на Олимпијадата во Токио е закажан за 13 часот по македонско време.