Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Други спортови

Прекрасно видео на Михаел Шумахер и неговиот син

Мик Шумахер ќе ја продолжи семејната традиција во Формула 1.

По таткото Мајкл, седумкратен светски шампион и еден од најдобрите возачи на сите времиња, и чичко Ралф, Мик е третиот во семејството што се најде во Ф1.

Тој денес потпиша договор со тимот на HaasF1, а овој 21-годишник ќе го гледаме меѓу „големите момци“ од пролетта.

Фактот дека доаѓа во Формула 1 привлече големо внимание, а на официјалниот Ф1 профил беше објавено видео од едногодишниот Мик со неговиот татко Мајкл.

Легендарниот возач го учи својот син како да управува со воланот и не е ни чудо што се роди љубовта на Мик кон брзината.

Информациите за здравствената состојба на Мајкл се многу малку, но познато е дека битка за неговиот живот трае со години откако тој беше сериозно повреден додека скијаше во Франција пред седум години.

loading...

Facebook