Connect with us

Фудбал

Премиер лигата „луда“ по Пјатек, еве кои клубови се заинтересирани за него

Челзи ја следи ситуацијата на напаѓачот Кшиштоф Пјатек, пренесува „Телеграф“. Клубот од лондон се обидуваше да го донесе Единсон Кавани од ПСЖ, но исто така го идентификуваа полскиот напаѓач како алтернативна опција. Уште еден лондонски клуб, Тотенхем, е заинтересиран за услугите на Пјатек, а челниците сакаат да го донесат на позајмица бидејќи Хари Кејн е повреден.

Манчестер Јунајтед исто така се поврзуваше со напаѓачот. Најблиску се чини дека е Челси, кој се уште не се откажал од потпишувањето на Кавани. Сепак, Лампард е свесен дека желбата на уругвајскиот напаѓач е Атлетико Мадрид.

ПСЖ побара 12,6 милиони евра за Кавани, кој останува првиот избор на Френк Лампард за „Синиот напад“. Паралелно, се внимава на алтернативата за Кавани. Челзи се надева дека еден од нив ќе се префрли во Премиер лигата оваа недела.