Фудбал
„Премиер лигата мора да се доигра“ – еве кога продолжува!
Велика Британија одлучи. Професионалниот спорт може полека да се враќа во нормала откако беше во прекин поради пандемијата на коронавирусот.
Владата на Велика Британија дека професионалниот спорт може да се врати по 1 јуни. До овој датум нема да се одржуваат спортски настани.
Клубовите и челниците на фудбалската асоцијација се согласни дека сезоната не смее да биде поништена. Последните шест екипи на табелата претходно побараа сезонава да нема испаѓање, но ниту ФА, ниту Премиерлигата не се согласуваат на вакво нешто.
Премиерлигата е под суспензија поради пандемијата од коронавирусот уште од 13 март.