Connect with us

Фудбал

Премиер лигата се откажа од Black Lives Matter

Клубовите од англиската Премиер лига нема да го носат слоганот Black Lives Matter (БЛМ) на своите дресови следната сезона и наместо тоа ќе има порака од сопствената кампања „Без простор за расизам“ (No Room for Racism).

Слоганот на БЛМ беше поставен на дресовите на клубовите по рестартот на сезоната 2019/2020 по глобалните протести предивикани од смртта на Џорџ Флојд по апсењето во мај. Сепак, некои од клубовите сметале дека британскиот оддел на БЛМ има неприфатливи пораки во нивната програма, како антисемитистички пораки и барање за распуштање на полицијата. На 30 јуни лигата објави дека нема да поддржува политички организации и движења што предизвикуваат насилство или нелегални активности.

„Ние, нашите клубови, фудбалери и судии, долгорочно сме посветени во борбата против дискриминацијата. Фудбалерите имаат глас на оваа тема, како што видовме минатата сезона. Ќе продолжиме да ги слушаме нашите фудбалери и да стоиме на антирасистички ставови“, вели претседателот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com