Фудбал
Премиерлигата досега изгуби 340 милиони евра
Англиските клубови во Премиерлигата многу го чувствуваат недостигот на фудбал и кризата која ја донесе пандемијата на коронавирусот.
Според извештајот на британската телевизија „BBC“, Премиерлигата веќе изгуби 340 милиони евра поради неисполнети договори поврзани со ТВ-правата.
Доколку лигата продолжи без гледачи, загубата би била скоро 400 милиони евра.
Поради сите околности, клубовите не се во можност да ги почитуваат склучените договори со носителите на ТВ-права.
Британската влада, поради последиците од епидемија на коронавирусот, донесе одлука дека големите натпреварувања во земјата не можат да започнат пред 1 јуни, а тимовите ќе можат да започнат со групни тренинзи од 18 мај.