Connect with us

Фудбал

Премиерлигата од следната сезона започнува во различен формат, откажан е лига купот?

Не е потврдено, но планот на челниците во Премиерлигата е следната сезона да има 23 екипи во елитното натпреварување.

Доколку дојде до тоа фудбалот во Англија, како во Франција или Холандија, не продолжиѓ, челниците на Премиерлигата прават големи промени за сезоната 2020/21.

Имено, „Дејли мејл“ објави дека челниците на ПЛ планираат да ја зголемат Премиерлигата од 20 на 23 клуба, но во овој формат би се играле само една сезона, така што по таа сезона работите ќе се вратат во нормала.

Никој не би испаднал од сегашните 20-тина екипи во Лигата, а промоција би добиле ВБА, Лидс и Фулам на, моментално првите три екипи од втората лига. 44 натпревари би се одиграле следната сезона, а последните шест екипи би испаднале, три од нив би влегле во Чемпионшип како и обично, за да најдат 20 екипи повторно подоцна во Премиер лигата.

Со дополнителни шест кола и заострен распоред, Лига Купот, кој се игра во последните шест децении, би можел да биде суспендиран.

Овие промени лесно може да се случат доколку Англичаните сè уште паѓаат под притисок на пандемијата на коронавирус и не го продолжат шампионатот, што беше суспендиран во март.