Други спортови
Премиерот на Австралија се закани: Ѓоковиќ со првиот авион ќе биде вратен дома!
По министерката за внатрешни работи на Австралија Карен Ендрјус, се огласи и премиерот на таа земја Скот Морисон кој се закани дека Новак Ѓоковиќ може да биде вратен од граница доколку не достави соодветни медицински докази поради кои не може да биде вакциниран.
Најдобриот светски тенисер објави дека патува на Австралија Опен, бидејќи доби медицинско ослободување од правилата за ковид. Ова предизвика голема бура во светот на тенисот и Австралија.
Најпрво се огласи министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус која објасни дека Ѓоковиќ може да биде во неволја поради правилата. Набргу потоа, премиерот Морисон даде многу поостар став.
„Мојот став е дека секој што сака да влезе во Австралија мора да ги исполнува нашите барања. Новак Ѓоковиќ, кога ќе пристигне во Австралија, ако не е вакциниран, мора да покаже прифатливи докази дека не смее да се вакцинира од медицински причини , за да има ист третмам за патување како целосно вакцинираните патници, истакнува Морисон.
Србинот во наредните денови треба да тргне на пат за Австралија.
„Чекаме да се појави и какви докази ќе ни достави. Доколку тие докази не се доволни, нема да биде постапено поинаку и со следниот авион ќе биде вратен дома. Не треба да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ “, рече премиерот.
Првиот Грен слем во сезоната е на програмата од 17 до 30 јануари.