Connect with us

Фудбал

Премиерот потврди: Нема фудбал до јуни!

Премиерот на Холандија Марк Руте зборуваше на прес-конференција за проблемите со кои се соочува земјата поради пандемијата на коронавирусот.

Руте, меѓу другото, рече „нема фудбал до 1 јуни“, па сега има се повеќе одредено сценарио според кое сезоната ќе заврши според досегашните пласмани, што би значело дека Ајакс е повторно шампион или едноставно ќе биде поништена, затоа што изгледа невозможно да се одигра остатокот од сезоната.

Фудбалерите во Холандија се ставени во карантин веќе две недели и чекаат вести. Се зборуваше дека мерките што се применуваат ќе бидат укинати на 6. април, но сега е решено тие да се спроведат до 1 јуни.

Владата донесе одлука, Фудбалската федерација на Холандија, исто така, ќе треба да ги потврди овие информации.

„После 28. април, сè додека се продолжи со мерките на претпазливост, ние навистина нема да се вратиме во нормален живот“, рече Рот, признавајќи ја долгата битка што ќе биде потребна за борба против пандемијата. Одлуките во врска со должината на временските ограничувања ќе бидат разгледани на секои три до четири недели.

„Сите во Холандија добро се придржуваат кон мерките. Среќен сум со тоа. Улиците се празни, возовите се празни. Канцелариите се празни. Остануваме во затворено колку што е можно. Работиме дома колку што е можно повеќе. Сами си ја купуваме своја храна“, рече Руте.