Connect with us

Фудбал

Пресврт: Еве ја конечна одлука на Ракитиќ

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ одлучи да не го напушта клубот до крајот на сезонава.

Ракитиќ поминуваше се помаку време на теренот и поради тоа сакаше да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок.

Но, во последно време Валверде почна да му дава нешто поголема минутажа, а Ракитиќ одлично ја ја искористи шансата и покажа одлични партии. Според „Марка“ тоа беше пресудно Хрватот да се одлучи да остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната.

Ракитиќ сигурно ќе остане во Барселона до крајот на сезоната, но на лето влегува во последната година од договорот по што нјаверојатно ќе биде продаден.