Connect with us

Фудбал

Пресврт на Манчестер Јунајтед за победа и елиминација на Барселона (ВИДЕО)

Пред преполните трибини на Олд Трафорд, Јунајтед победи со 2:1 (0:1) и со тоа се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето на УЕФА. Како и во Барселона минатиот четврток, видовме возбудлив дуел на два гиганти на европскиот фудбал. Јунајтед беше нешто подобар и ќе остане единствениот европски клуб кој се бори за сите четири трофеи.

Барселона поведе со голот на Левандовски во 18-та минута од пенал. Израмнувањето стигна во 47-ма преку Фред, а голот за победа го постигна Ентони во 73-та минута. Првиот меч на Камп Ноу заврши без победник 2:2.