Connect with us

Фудбал

Пресврт, наместо во Барселона, Лаутаро Мартинез би можел во Премиер лигата?!

Иако со месеци Барселона го „брка“ Лаутаро Мартинез од Интер, сепак можно е тој да заврши во Премиер лигата.

Угледниот „Скај Спорт“ тврди дека Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира Аргентинецот, како замена за Кун Агуеро, кој речиси сигурно заминува по завршувањето на сезоната.

Сепак, ова е малку веројатно да се оствари бидејќи Барселона е упорна. Интер побарал фудбалер плус пари. Барселона нуди 70, Интер бара 90 милиони евра. Останува да се види дали ќе се најдат некаде на средината на „патот“.