Фудбал
Пресврт? Златан доби уште една понуда
Златан Ибрахимовиќ треба да ја донесе својата одлука до крајот на месецот.
Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња го напушти Лос Анџелес Галакси, и иако сега има 38 години, не размислува ниту за крај на кариерата.
Има многу клубови кои во моментов се заинтересирани за услугите на Ибрахимовиќ, споменувајќи ги Болоња, Милан, потоа Наполи, а последен што ќе се приклучи во борбата е Евертон.
Според англиските медиуми, челници од „Гудисон Парк“ контактирале со неговиот агент Мино Рајол за да видат дали Ибрахимовиќ е заинтересиран да се врати во Премиер лигата.
Челниците, наводно подготвиле понуда за Ибрахимовиќ според која годишно ќе заработува четири милиони евра, што би го направило најплатениот фудбалер на Евертон веднаш зад Бернард.
Бидејќи Ибрахимовиќ сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, нема сомнение дека сагата за неговата иднина ќе продолжи да биде главна тема во спортските медиуми.