Други спортови
Пресврти, драма и спектакл – Ѓоковиќ посилен од се!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос. По нешто повеќе од три и пол часа голема борба, тој во третото коло го совлада 23-годишниот шпански репрезентативец Алехандро Давидович Фокина со 3:0, во сетови 7:6 (7:4), 7:6. (7:5) и 6:2.
Негов противник во осминафиналето ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу полскиот тенисер Хуркач и перуанскиот Вариљас.
Во текот на првиот сет, Шпанецот ја имаше поентирачката иницијатива. Тој прв направи брејк, во петтиот сет за водство од 3:2, но Новак му одговори веќе во следниот гем. Многу поголема опасност за Ѓоковиќ беше новиот брејк на неговиот ривал во единаесеттиот гем, по што сервираше за водство во сетовите, но Новак повторно возвраќа и успева да се избори за тајбрејк.
И таму не беше лесно,Фокина повторно дојде до предност, поведе со 3:1, но Новак потоа освои четири поени во низа за водство од 5:3, по што не дозволи нов пресврт. Ова не го поколеба Шпанецот, кој брејкува на стартот од вториот сет. Новак повторно возвраќа со три освоени гема, но противникот не дозволи да биде скршен, па вториот сет стана маратонски и беше решен во тај-брејк.
Врвот на драмата допрва следуваше. Кога Ѓоковиќ поведе со 4:1, се чинеше дека нема да има повеќе проблеми да го добие вториот сет, но Шпанецот поведе со 5:4 со четири последователни поени. За среќа, Новак успеа да го запре падот во играта кога беше најважно, ги освои следните два поени на свој сервис, а потоа ја искористи сет-топката за 2:0 во сетови. Само првите два сета траеја вкупно три часа, јасно е каква битка се водеше на теренот, а ветерот и овојпат им направи големи проблеми на играчите.
FIRED UP 🔥@DjokerNole | @rolandgarros | #RolandGarros
— Tennis TV (@TennisTV) June 2, 2023
Она што исто така остана впечатливо е „војната“ на Новак со противничките навивачи кои доста го изнервираа и кои бурно му замерија по неговото славење на решавачкиот поен за освојување на вториот сет. Потоа побара медицински тајм-аут поради проблем со бутниот мускул, што дополнително ја зголеми тензијата, но на почетокот на третиот сет страстите како да се смирија.
При резултат 3:1 за Ѓоковиќ во третиот сет, Фокина имаше незгоден пад, се чинеше дека го повреди зглобот, а Новак по којзнае кој пат демонстрираше фер-плеј доаѓајќи до ривалот, носејќи му крпа и мраз, а Шпанецот брзо се опорави.
Гестот на Ѓоковиќ конечно предизвика аплауз од трибините, но кратко траеше. Недолго потоа повторно следеа бројни свирежи на сметката на Новак, тој во одредени моменти возврати, но не ја загуби концентрацијата до крајот и успеа да го заврши натпреварот на најдобар начин.