Тајмаут
Претепана поранешната вереница на Кличко: Го уби Господ во мене
Долго време Хајден Панетијер беше во врска, а подоцна и вереница на боксерот Владимир Кличко. Додека беше со него, ниту еднаш не се најде во таблоидите поради лоши работи. Но, откако е во врска со новото момче Брајан Хакерсон, два пати е тепана.

Според светските таблоиди овој пат кога полицијата пристигнала кај нив ја зателане со потечено и црвено лице, а таа веднаш викнала „Го уби Господ во мене“. Момчето не сакало да признае дека ја удирало, а насилството го пријавиле соседите.
По првиот инцидент кој се случил пред неколку месеци, тие се видени заедно само две недели откако Брајан добил забрана да и се приближува.
Секако и овој пат нејзиното момче е уапсено.