Connect with us

Фудбал

Претседателот Макрон побара од Дешам да остане на чело на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека побарал од тренерот на „петлите“ Дидие Дешамп да остане на чело на тимот и покрај поразот од Аргентина во финалето на Светското првенство во 2022 година.

Франција беше многу блиску до освојување на втората последователна светска титула под водство на Дешам, но го загуби неделното финале на пенали.

“Дидие Дешамп покажа уште еднаш дека е исклучителен тренер. Го замолив да продолжи. Би сакал да продолжи. Овој натпревар ни покажа дека историјата не се пишува однапред”, изјави Макрон.

Се е можно ако сме обединети, ако сме заедно, ако има желба и талент“, продолжи шефот на француската држава по мечот.

„На крајот немавме среќа, што ги прави работите уште поболни. Но, тимот покажа срце и заедништво“, додаде францускиот претседател.

Емоциите на финалето Макрон ги доживеа од трибините на Лусаил. Тој учествуваше на доделувањето и активно ја тешеше големата француска ѕвезда Килијан Мбапе. Двајцата си размениле неколку зборови, а може само да се претпостави што точно Макрон му рекол на напаѓачот на ПСЖ.