Connect with us

Фудбал

Претседателот на Барселона е горд на играчите по испаѓањето од Купот

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу по испаѓањето на овој тим од Купот на кралот изјави дека е горд на своите играчи.

Барселона го потсети Атлетик Билбао во четвртфиналето, испадна со голот кој го прими во 93-та минута од натпреварот, но претседателот е многу горд на играчите за нивниот пристап.

„Разочаран сум од незаслуженото испаѓање, но горд сум на амбицијата и пристапот што го покажавме. Честитки до Атлетик за победата и на нашите навивачи кои дојдоа тука да не поддржат. Имам целосна доверба во стручниот штаб и играчите кои ќе се борат до крај за Ла Лига и Лигата на шампионите“, рече Бертомеу по натпреварот.

Патем, вчера видовме вистинска масакр на фаворити во Купот на кралот, бидејќи освен Барселона, Реал Мадрид загуби, со 4-3 од Сосиедад на домашен терен.