Тајмаут
Претседателот на ФФМ: Битола ќе добие модерен стадион (ВИДЕО)
Викендот претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го посети најголемиот Општински фудбалски сојуз во нашата земја, битолскиот и се сретна со претседателот Златко Талевски и членовите на ОФС Битола.
Сејдини ги охрабри битолчани и вети дека ФФМ ќе го исполни и последниот дел од своите обврски за реновирањето на трибината на стадионот под „Тумбе кафе“.
„Битола секогаш била и ќе биде фудбалски центар. Тука гравитира еден општински сојуз кој брои најмногу екипи од цената наша држава – преку 30 клуба. Не сум бил шест месеци во Битола и сакам да му се заблагодарам на мојот колега Златко Талевски за пречекот. Секогаш овој град ми е при срце, имам многу другари во овој град.
Битола и Пелистер заслужува убав стадион и тоа во блиска иднина ќе се случи. Овој клуб е многу значаен за мак-фудбалот. Обврските кои ние ги ветивме околу стадионот, делумно ги завршивме. Преостануваат уште рефлекторите, но и тоа ќе се реализира. Во претходниот проект требаше рефлекторите да бидат поставени во покривот на трибините, но се промени планот. На почетокот од 2020 година мислам дека и тоа ќе го реализираме“, заврши Сејдини.