Фудбал
Претседателот на Милан прерано го напушти натпреварот со Лече … за да го избегне сообраќајот
Претседателот на Милан, Андреа Скарони, додека Милан играше против Лече, на 2:1 за „Росониерите“, реши да го напушти стадионот „Сан Сиро“, во судиското надополнување. Гест што ги остави сите изненадени! Всушност, во 92-та минута дојде до голот за 2:2 и тој не беше таму.
Мотивот? Да се избегнат редиците и особено сообраќајот генериран по натпреварот. Еден потег што ги разочара навивачите на „Росонерите“, кои на социјалните мрежи го обвинија дека воопшто не знаел за резултатите на тимот и само го интересирал новиот стадион.