Connect with us

Фудбал

Претседателот на Перу: 35 години го чекавме овој момент

Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински, ги поздрави фудбалските репрезентативци кои и се квалификуваа на Светското првенство во Русија.

Перуанците ќе учествуваат на Светското првенство за првпат од 1982 година.

– Го чекавме овој момент повеќе од 35 години. Благодарение на нашите борци уживаме во оваа радост, напиша Кучински на Твитер.
Перу ноќеска во Лима го победи Нов Зеланд со 2:0 и се пласира на Мундијалот 2018.