Connect with us

Фудбал

Претставено идејното решение за изградба на фудбалски стадион во Струмица

Струмица, 11 септември 2020 (МИА) – Претседателот на ФК „Беласица“, Славчо Васков Пинда денес на прес конференција го претстави идејното решение за изградба на фудбалски стадион во Струмица со доградба на постојниот „Благој Истатов“.

Според Васков Пинда, идејното решение е направено врз основа на најновата трибина и во нејзина висина ќе биде подигнат и останатиот трибински простор, кој е планиран да собере околу 8.000 гледачи.

-Покрај трибинскиот простор и теренот, ќе има и други содржини кои ќе можат да ги користат граѓаните и спортистите. Проектот е направен според сите светски трендови и е планирано да биде енергетски ефикасен. Вакви проекти во Европа има многу, а проектот ќе ги исполнува актуелните стандарди на УЕФА. Проектот е поднесен до ФФМ, а оттаму е испратен до УЕФА, каде се разгледува и до крајот на месецот чекаме одговор дали треба уште нешто да се измени во проектот, рече Славчо Васков Пинда.

loading...

Додаде дека идејното решение за нов стадион е мотивирано од долгата историја на клубот, кој за две години треба да одбележи сто години од постоењето.

Според првичните проценки изградбата на стадионот ќе чини над 25 милиони евра.

Автор на идејното решение е архитектот Владимир Ѓоргиевски од Скопје, а првиот човек на струмичкиот фудбалски прволигаш очекува со новиот закон за спорт изградбата на стадионот да биде преку јавно-приватно партнерство или со откуп на земјиштето од страна на концесионерот. рт/ац/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com