Connect with us

Фудбал

Претстојното лето за Алексис Санчез ќе биде исто како и минатото

Алексис Санчез пристигна во Интер минатото лето на едногодишна позајмица, а клубот од Милано има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Санчез скоро цело минато лето бараше излез од Манчестер Јунајтед, а истото го чека за неколку месеци бидејќи Интер нема намера да го задржи.

Алексис поради повреда на глуждот не играше често оваа сезона. Тој исто така тој има висока плата и „Нероазурите“ не сакаат да потрошат пет милиони евра на играч кој не е стартер.

Санчез има запишано 15 настапи за Интер и постигна еден гол досега. Тој пропушти три месеци од сезоната поради повреда и како што стојат работите сега враќањето на Апенините изгледа невозможно.

Инаку, неговиот договор со Манчестер Јунајтед трае до летото 2022 година.