Фудбал
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Убедливи триумфи за Силекс и Пелистер, реми за Академија Пандев
Академија Пандев одигра само 1-1 против Борец, иако екипата од Струмица имаше водство од 10. минута на мечот. На стартот гол постигна Илиев, а во самиот финиш резултатот го израмни Гавриќ.
Силекс запиша убедлив триумф на гостувањето кај Слога Виница, а погодоците ги постигнаа Георгиев, Тантуровски и Ивановски.
Пелистер на домашен терен без многу проблеми го декласираа Охрид со 4-0. Првиот погодок за клубот од Битола го постигна Танучев, по што во листата со стрелци се запишаа Пејаковиќ, Стефановски и Торневски.
И Ренова победи на мечот против Шкупи со 1-0, а стрелец на голот беше Селмани во првото полувреме.