Connect with us

Фудбал

Приказна со среќен крај: Момчето што Зијеч го бараше се појави во Амстердам

Хаким Зијеч неодамна имаше средба со симпатично момче во натпреварот од Лигата на шампионите против Лил.

Единаесетгодишно момче Јасин Хусаири успеа да се пробие покрај чуварите и да стигне до Зијеч, кој вети дека ќе му го подари дресот по натпреварот.

Сепак, дресот не заврши кај него. Човекот кој се претстави како татко на малиот Јасин ја доби маичката во рацете и наскоро ја продаде преку Интернет за огромна сума.

Зијеч открил дека бил измамен. Тој реши да се извини на момчето и ги повика сите следбеници на социјалните мрежи да му помогнат да го пронајдат момчето.

На крајот, тој успеа. Мароканецот го угости малиот Јасин на натпреварот против Ден Хаг, а на овој натпревар тој постигна гол и асистенција.