Connect with us

Други спортови

Приказната за Хабиб и неговата сопруга е нереална: Љубовта од мали нозе е крунисана на вистински начин

Хабиб Нурмагомедов влезе во историјата како еден од најдобрите борци на сите времиња.

Неверојатниот Дагестанец реши да се повлече на 32-годишна возраст, остана непоразен на 29 натпревари и најави дека ќе му се посвети на семејството во селото Дагестан од каде потекнува.

Покрај неговиот покоен татко и мајка, Хабиб има сопруга и три деца. Сопругата, Патимат е секогаш со него, но малку се знае за неа.

Тие се заедно уште од детството. Тие доаѓаат од исто село, одеа во исто училиште и седеа заедно на клупа. Тие изгубија контакт кога тој отиде во Махачкала, но повторно се сретнаа пред десет години.

Тој реши да ја запроси. Тој ја побарал од нејзиниот татко, била организирана голема венчавка, а Патимат, според обичаите во Дагестан, носела бел превез на лицето за да не и се гледа лицето.

И денес Патимат е вистинска мистерија. За неа не се знае скоро ништо, нејзиниот изглед до неодамна беше вистинска мистерија, а потоа се појави единствената фотографија што го покажа нејзиното лице.

Секако треба да се истакне дека тие се горди родители на три деца. Тие ја имаат петгодишната ќерка Фатима, тригодишниот син Магомед и синот Хусеин, кои својот прв роденден ќе го прослават во декември.

Хабиб најави враќање во родното село. Патимат и децата ќе бидат со него и неговата мајка, а „Орелот“ конечно ќе може да се посвети на своето семејство по години и години напорна обука.

Тој заслужи …