Connect with us

Тајмаут

Прикривање на околностите за смртта? „Марадона почина претходната вечер“

Лекарскиот тим, кој се грижеше за неговото здравје во домот на Диего Марадона , е во голема неволја. Началникот д-р Леополд Луке е уапсен од полицијата и против него е покренато обвинение за убиство поради неодговорност. Околу триесет полицајци упаднаа во неговиот дом и го претресоа на земја, а исто толку полицајци влегоа во приватна клиника.

Луке ќе мора да сведочи пред обвинител под сомнение за медицинска небрежност во последните денови од животот на Марадона, што носи тежина на убиство од небрежност. Истрагата ќе ги покаже сите околности. Обвинителот го наведува хирургот Луке како главен виновник во сè уште неразјаснети околности, но посочува дека Марадона немал официјално отпуштање од клиниката откако бил пренесен на домашна нега по операцијата на туморот.

Facebook