Фудбал
Прима плата од 4,5 милиони евра по сезона, но не играше ниту минута!
Едно од најголемите неуспеси во Мадрид е несомнено Маријано Дијаз. Напаѓачот пристигна минатата година од Лион за скоро 22 милиони евра, како нова „7“, односно како замена за Кристијано Роналдо.

Сепак, 26-годишниот играч се покажа како голем неуспех, а тоа е потврдено и оваа сезона. Маријано не одигра ниту една минута оваа сезона во дресот на Реал Мадрид.
Она што уште повеќе ја влошува ситуацијата е фактот дека Маријано Дијаз заработува цели 4,5 милиони евра по сезона! Со други зборови, напаѓачот кој не играше ниту една минута за Реал оваа сезона заработува милиони.