Фудбал
„Пристигна автобус полн со госпоѓи, а мене мојата жена ме натера да бегам дома“
Реал Мадрид е познат како најгламурозниот клуб во светот. Каревите преродба доживеаја на почетокот на овој милениум кога Флорентино Перез ја формираше првата генерација на популарните Галактикос.
Лос Бланкос во тоа време беше преполн со фудбалски sвезди како Зинедин Зидан, Роналдо, Луис Фиго, Дејвид Бекам и други. Имаше и играчи кои беа подредени на тимот, од кои едниот е благодарен Иван Хелгуера.
Хелгуера изјави на Инстаграм како изгледале забавите на Роналдо за време на неговиот престој во Мадрид. На една од роденденските прослави на Роналдо, дефанзивецот бил истеран дома.
“Имаше автобус полн со госпоѓи на забавата на Роналдо. Јас бев на тој роденден кога девојките почнаа да се симнуваат од автобусот. Кога жена ми го виде тоа, таа ми рече да одам дома. Истата работа се случи и со Фиго”, рече Хелгуера.
„Тоа беше во куќата на Роналдо, која потоа му ја продаде на Серхио Рамос“, додаде поранешниот репрезентативец на Шпанија.
Хелгуера додаде дека Бекам, Зидан и Фиго биле одлични професионалци, додека Роберто Карлос и Роналдо сакале да излегуваат често, но тоа не го правеле секој ден.